ЕУРО 2020: Швајцарски тест за Италија, Турција се „вади“ против Велс

186

Денеска почнува второто коло на Европското првенство во фудбал. Од 15:00 часот ќе играат Финска и Русија. Тоа е меч од групата Б. Дебитантот Финска ја совлада Данска со 1:0 во оној вознемирувачки меч пред неколку денови на кој животот на Кристијан Ериксен беше во опасност. Русите изгубија убедливо од Белгијците (0:3), па сега немаат право на грешка. Нов пораз ќе ги чини елиминација, а притоа со победа Финците одат во следната рунда.

Во 18 часот во Баку ќе играат Турција и Велс. Турците разочараа на старот, покажаа лош фудбал во дуелот со Италија и загубија со 0:3 на отворањето на ЕП во Рим. Велс одигра 1:1 со Швајцарците.

Турција и Велс ќе го играат првиот меѓусебен меч после 1997 година. Што се однесува до здравствениот билтен, двете страни немаат повредени ни суспендирани играчи.

Во вечерниот термин, на „Олимпико“ во Рим ќе играат Италија и Швајцарија. Ова ќе биде нивен прв меѓусебен меч по 2010 година. Претходните три средби завршија нерешено (1:1, 0:0, 1:1).

И двајцата селектори немаат проблеми со повредени или суспендирани играчи, па можат да нападнат со сите сили.

МОЖНИ СОСТАВИ

ИТАЛИЈА: Донарума – Ди Лоренцо, Бонучи, Киелини, Спинацола – Барела, Жоржињо, Локатели – Берарди, Имобиле, Инсиње

ШВАЈЦАРИЈА: Зомер – Елведи, Аканжи, Шер – Мбабу, Џака, Фројлер, Родригез – Шаќири – Емболо, Сеферовиќ

ПретходноЈокиќ не игра за Србија летово
СледноЛШ- квалификации: Ако Шкендија ја мине Мура, потоа се среќава со Лудогорец или Шахјтор Солигорск!