Има украинска жица, ама ја напиша навивачката химната на Македонија!

702

Саше Љолес е фронтменот на ВИС Рисови кои ја направија преубавата навивачка химна „Одиме на Европско“, песна која секојдневно ја слушаме низ медиумите во овие историски денови и настапот на нашиот национален тим на ЕУРО2020. Но она што е интерсно за Саше Љолес е тоа дека тој има украинска крв во него, а нашиот национален тим утре игра против Украина. Стиховите како „сонот наш од детство…“, се пеат од најмало до најстаро. Фудбалерите ја кренаа Македонија на нозе…

„Мојата баба е од Украина но ја со цело срце и душа си навивам за мојата Македонија. Горд сум на фудбалерите а ќе бидам уште погорд ако утре ја победат Украина иако јас имам некои корени од оваа земја“, вели Љолес кој е во Букурешт и со цело срце навива за нашите фудбалери.

„Тука сум да бидам дел од уваа убавина низ локалите на Букурешт која ја прават нашите навивачи.Често ја пееме сите заедно нашата химна која е напипшана специјално за ова ЕП. Ова е сонот наш од детсво…“, вели фронтменот на ВИС Рисови, чија што навивачка химна често грми во локалите каде слават нашите навивачи.

ПретходноАнализа по 1. коло на Еуро 2020: Шансите за втора фаза ни паднаа на 12,7% (ФОТО)
СледноЈокиќ не игра за Србија летово