Конференциска лига: Македонските клубови ги дознаа можните ривали за 2.коло!

551

Предмалку во Нион се одржа ждрепката за 2.коло во квалификациите за Конференциската лига. Најнапред беше ждребуван “шампионскиот пат“. Па така, ако Шкендија во 1.квалификацсико коло во ЛШ загуби од Мура, тогаш во 2.квалификациско коло во КЛ се среќава со поразениот од мечот меѓу Малме (Шведска) и Рига (Летонија).

Во случај Шкупи на стартот да го мине косовскиот Љапи, тогаш во следната фаза од КЛ ќе ги одмери силите против Санта Клара од Португалија.

Екипата на Силекс ако ја мине првата пречка во квалификациите во КЛ, нели тоа беше составот на Петрокуб од Молдавија, во следната се среќава со Сиваспор од Турција.

И Струга Трим Лум го дозна можниот ривал за евентуалното 2.коло во квалифијациите. Ако стружани го елиминираат во првото коло составот на Лиепаја, тогаш во 2.квалификациско коло во КЛ ќе наидат на ЦСКА Софија од Бугарија.

Мечевите од 2.квалификациско коло во КЛ се закажани за 22 и 29 јули.

ПретходноФудбалерите гледаат и горат од желба: Ах, барем 5 минути да сме со вас!
СледноУЕФА го казни Арнаутовиќ, го пропушта следниот меч на ЕУРО