Во пресрет на утрешниот дуел од 2.коло во групата Ц на ова ЕУРО, Сергеј Кривцов, еден од дефанзивците на селекцијата на Украина истакна дека против Македонија ги чека тежок меч.
“Многу работи зависат од овој натпревар. Не чека тежок меч. За Македонија што да се каже? Имено на ова ЕУРО нема слаби екипи, тоа не е ни Македонија, затоа не смееме да го потцениме нашиот утрешен противник. Македонија има квалитет, поседува играчи кои играат во силни лиги, нема воопшто да биде лесно“ посочи Кривцов.