Селекторот на Германија, Јоаким Лев по синоќешниот пораз на неговата репрезентација, од 1:0 од Франција во рамките од првото коло на ЕУРО изјави дека не го обвинува ветеренот Матс Хумелс за автоголот, кој беше и единствен гол на мечот, и дека нема што да им замери на неговите избраници.
„Ова беше меч со многу интензитет. Бевме рамноправни и се боревме до крај. Еден автогол го одлучи мечот. Не можеме да го кривиме Матс за она што се случи, тоа е едноставно несреќен случај. Знаевме дека Французите се одлични во контра напад. Не можевме сите да ги сопреме. Не можам ништо да им замерам на играчите, се бореа, и дадоа максимум на терен. Ни недостасуваше продорност во последната третина. Загубивме и сите се разочарани. Од друга страна пак, ни преостануваат уште два меча, во кој можеме се да поправиме“ – изјави селекторот на Германија, Јоаким Лев.