ЛШ- квалификации: Ако Шкендија ја мине Мура, потоа се среќава со Лудогорец или Шахјтор Солигорск!

352

Тежок ривал доби денеска во Нион, на ждрепката за 2.квалификациско коло во ЛШ, нашиот првак, екипата на Шкендија.

Имено ако тетовци ја минат Мура во1.квалификациско коло, тогаш во следната фаза ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Лудогорец и Шахтјор Солигорск, тимот на Дембо Дарбо и Валон Ахмеди.

Се разбира, ако сака Шкендија да ги одмери силите против бугарскиот или белорускиот првак, тогаш ќе мора прво да ја мине Мура на стартот од квалификациите во ЛШ.

Мечевите од 2.квалификациско коло се закажани за 20/21 јули и 27/28 јули, Шкендија на првиот меч ќе биде домаќин.

ПретходноЕУРО 2020: Швајцарски тест за Италија, Турција се „вади“ против Велс
СледноНикола Митревски во стручниот штаб на репрезентацијата