Мајсторија на Миранчук, Русија ја победи Финска (ВИДЕО)

577

Од денеска стартуваат мечевите од 1.коло во групната фаза на ЕУРО 2020. На “Крестовски“ во Санкт Петербург се сретнаа Финска и Русија, во натпревар од групата Б. Со голот на Миранчук постигнат во последните секунди од првиот дел, селекцијата на Русија пред своите фанови славеше со 1:0 и дојде до првите три бода во групата.

Тоа беше интересен, можеби не толку квалитетен натпревар во кој дебитантот и аутсајдерот Финска, која во првиот меч ја победи Данска, се покажа во добро светло. Финците во 5.минута ги „смрзнаа“ сите на “Крестовски“, Похјанпало постигна гол за водство, но ВАР пресуди дека тој бил во офсајд позиција па затоа истиот беше поништен.

Се играше 45+2 минута кога по додавањето на Дзјуба, Миранчук постигна прекрасен гол, сосема доволно за триумф на овој прв денешен меч на ЕУРО 2020.

Со оваа победа Русите сега имаат три бода од два меча, исто како и Финска. Утре играат Белгија и Данска од оваа група.

ПретходноАнгеловски: Мечот со Украина за нас е финале
СледноРистовски: Тука не дојдовме како туристи, Македонија има огромен квалитет