Одредени официјалните лица за претквалификацискиот турнир во Скопје

218

Светската кошаркарска  федерација ФИБА ги одреди официјалните лица за претстојниот претквалификациски турнир во машка сениорска конкуренција кој ќе се одржи во периодот од 12. до 18. август во Скопје.

Натпреварите на нашата, како и селекциите на Словачка и на Швајцарија од групата„ Ф“ ќе ги судат следните арбитри:

Фернандо Калатрава (Шпанија), Мехмет Карабилечен (Турција), Илиас Кунелес (Кипар), Оскарс Лучис (Летонија), Михал Прок (Полска), Толга Сахин (Италија).

Комесар на претквалификацискиот турнир во Скопје ќе биде Антони Колган од Австрија. 

ПретходноУште не почнал да работи Гатузо може да ја напушти Фиорентина
СледноАтлетико и Сити подготвуваат голема размена на Португалците