Освојувачот на Лига Европа донесе алжирски репрезентативец

247

Виљареал, освојувачот на овогодишната Лига Европа има нов фудбалер. Тие го донесоа алжирскиот репрезентативец Аиса Манди и тоа како слободен фудбалер откако му истече договорот со Бетис.

Се работи за централен бек кој има дури 60 натпревари за Алжир со кого има и титула африкански шампион во 2019 година. Манди потекнува од школата на француски Ремс, а од 2016 година па до сега играше за Бетис.

Овој 29-годишен фудбалер роден во Франција потпиша со Виљареал договор до 2025 година.

Претходно, Виљареал направи уште една голема работа со тоа што го откупи договорот на Џастин Фојт од Тотенхем за 15 милиони евра.

ПретходноДани Роуз го напушти Тотенхем и потпиша за Вотфорд
СледноШоу на Локатели, Италија е во осминафинале на ЕП (видео)