По 16 години служба, шпанскиот дефанзивец Серхио Рамос го напушта Реал Мадрид. Капитенот оваа одлука ќе ја соопшти утре (четврток, 12:30 часот) на прес-конференција. На 30 јуни завршува договорот на Рамос со „кралскиот клуб“ и реши да не го продолжи. Реал му понуди едногодишен договор со 10% помала плата, а Рамос сакаше најмалку двегодишен договор. Двете страни не попуштија, па Рамос ќе го напушти клубот.
Рамос освои пет шампионски титули со Реал, а четири пати беше првак на Европа, а исто толку и светски клупски шампион. Инаку тој дојде на „Бернабеу“ од Севиља во 2005 година и стана икона на клубот од Мадрид и миленик на навивачите.
Сега дојде време за разделба. Не е познато каде Рамос ќе ја продолжи кариерата, може во Англија, во Манчестер Сити или Челзи, можеби во ПСЖ, а може да се врати во неговиот матичен клуб Севиља.