Симон Трпчески во дресот на Македонија излезе на концертот во „Сала Радио Букурешт“

3197

ФОТО: Димитар Петковски

Македонскиот пијанист Симон Трпчески, инаку еден од најголемита навивачи на македонската фудбалска репрезентација во Букурешт за време на дебитантскиот настап на нашата фудбалска репрезентација, во овој момент има концерт во „Сала Радио Букурешт“.

Нашиот маестро излезе во дрес на македонската фудбалска репрезентација и со шал во знакот на Македонија. На овој начин испрати поддршка до фудбалерите, посакувајќи и тие да испишат нова успешна приказна.

Трпчески беше на трибините на Националната Арена во Букурешт и на дуелот со Австрија, а таму ќе биде и на дуелот со Украина утре.

ПретходноХристи Бикоски го продолжи договорот со Прилеп!
СледноВелс ја победи Турција и ита кон 1/8 финалето, Бејл се посрамоти (ВИДЕО)