Специјалци по улиците: Македонците се злато, доаѓаат Украинците!

8532

На ден пред дуелот Македонија – Украина во Букурешт не е исто како и минатите неколку дена. Низ стариот град на романската престолнина каде обично се собираат навивачите покрај обичната полиција од денеска патролираат и специјалните единици. Наоружани до заби, со маски, автоматски пуштки…

Причината!? Пристигнуваат навивачите од Украина. А се беше некако мирно и убаво изминативе 3-4 дена. Немаше вакво обезбедување кога беа Македонците и фановите на Австрија. Полицајците дури и се фотографираа со нашите фанови, тука во Букурешт но опасноста доаѓа од Украина.

„Македонците се злато но од денеска пристигнуваат навивачите од Украина кои може и знаат да бидат многу проблематични“, ни рекоа од обезбедувањето на нашиот хотел во стариод град на Букурешт.

Околу 1.500 наши и иста бројка на украински навивачи се очекува да бидат на утрешниот дуел на Националната арена во Букурешт, кој почнува од 15 часот, а е дел од второтио коло од групата Ц од ЕУРО 2020.

Да се надеваме дека се ќе мине во најдобар ред и дека нема да се случи инцидент на улиците на Букурешт и пред стадионот.

ПретходноРистовски: Тука не дојдовме како туристи, Македонија има огромен квалитет
СледноФирмата „Blue sky investments“ го купува Вардар, Горан Симов е новиот стратег!