За време на оваа средба, дефанзивецот Бенџамин Павар во судир со противнички играч во 59. минута падна и ја удри главата. По мечот тој изјави дека бил во нокаут 10-15 секунди, но дека се чувствува добро.
По оваа изјава сојузот на професионални фудбалери и УЕФА реагираа, ќе истражуваат дали одлуката на докторот на француската репрезентација, во игра да се врати Пaвар и покрај силниот удар е правилна.
Французите одбија да го извадат од игра, а сега медицинскиот тим на УЕФА ќе потврди дали овој фудбалер требало да остане во игра, односно колку оваа одлука е правилна.
Од Франција тврдат дека Павар во ниту еден момент не останал без свест и дека можел да продолжи. Играчот денеска ручал заедно со играчите и ќе се појави на тренинг.
Лекарите на сите репрезентации и селекторите на истите пред стартот на ЕУРО потпишале дека ако за еден играч постои сомнение дека добил потрес на мозок веднаш мора да го напуши мечот или пак тренингот.
Токму од ова правило, доаѓа и истрагата на УЕФА.
ФОТО: FIFPRO/twitter