Украинските навивачи денеска пристигнаа во Букурешт и се вчудоневидени од атмосферата која ја прават македонските навивачи во главниот град на Романија. Укранците пристигнаа и ги вклучија телефоните за да снимаат и да ги сликаат нашите навивачи кои буквално го држат буден Букурешт. Песни, ора, знамиња… да види Европа дека сме едни од најфанатичните фудбалски фанови.
Мечот помеѓу Македонија и Украина се игра утре со почеток од 15 часот.