Украинците не се комплетни: Циганков ќе игра, за Зубков заврши Еуро 2020

273

Офанзивното крило на фудбалската репрезентација на Украина, Виктор Циганков, кој не настапи на мечот со Холандија поради повреда, се вратил на тренинзите на украинскиот тим. Стручниот штаб предводен од Андриј Шевченко ќе може да смета на крилото за дуелот утре против нашата репрезентација.

Таква е е ситуацијата со Александар Зубков. Играчот за врска на Ференцварош се повреди во неделата и го напушти теренот по 10 минути од средбата со Холандија. Како што стана познато, неговата повреда е доста сериозна и за него Еуро 2020 е завршено, затоа што му требаат најмалку три недели за санирање на повредата.

фото: Uaf.ua

ПретходноСоцијалните мрежи на ФФМ нападнати од грчки ботови!
СледноАнализа по 1. коло на Еуро 2020: Шансите за втора фаза ни паднаа на 12,7% (ФОТО)