Работнички се гради од почеток, барем според најавите на градоначалникот на Оштина Центар, Саша Богданович. Во новата сезона ќе има коренити промени, од стручен штаб до играчки кадар.
Неофицијално, прв тренер на најтрофејниот кошаркарски колектив е Тониќ Симиќ, спортски директор, Ѓорѓи Чековски, некогашни легенди на Работнички.
Во меѓувреме, раководството на клубот договори уште еден кошаркар, кој го носеше „црвено-белиот“ дрес. Станува збор за Диме Тасовски. Тој по завршување на оваа сезона одлучи да стави крај на играчката кариера и да се насочи кон тренерската. Сето свое искуство, кое е богато ќе се обиде да го пренесе на играчите кои ќе бидат дел од приказната на тимот од „Градски парк“.
Тасовски шест години беше дел од Работнички, за првпат заигра во 2004 година, остана три години. Последен пат настапуваше во 2016/2017 година, по што замина во редовите на Гостивар, каде се пензионира.