Проблем во Фиорентина, пренесуваат италијанските медиуми. Џенаро Гатузо може да го напушти клубот само неколку недели откако беше назначен за тренер на првиот тим. Причината се тензијата на релација Гатузо и раководство околу трансферната политика. Тој е незадоволен од стратегијата на раководните луѓе.
Тој добил гаранции дека Фиорентина ќе биде активна на трансферниот пазар и ќе бидат донесени некои фудбалери кои ќе ги посочи Гатузо. Преговорите со Нико Гонзалез и Серџо Оливеира не се реализирани.
Најавени се и неколку заминувања за кои не се согласува Гатузо.