Фудбалерите гледаат и горат од желба: Ах, барем 5 минути да сме со вас!

1845

Пеколно е низ Букурешт, атмосферата која ја направија нашите навивачи во овој град е преубав декор за овдешните жители а сликата која ја создаваат нашите навивачи е причина за полно срце на секој Македонец. Случувањата низ локалите во стариот град на Букурешт го гледаат и фудбалерите преку медиумите и социјалните мрежи. Таа поддршка таа радост и таа бројка на навивачи им даваат мотив повеќе на сите кои играа против Австрија и на сите кои утре ќе гуи бранат боите на дуелот со Украина.

„Да би било некое друго време секако дека би заминал таму и со мои очи да ја видам таа убавина. Да ми се наполни срцето затоа што нашите навивачи го прават она што на нас фудбалерите ни дава посебен мотив“, е коментарот на Иван Тричковски за сликите кои ги гледа од Букурешѕт а поврзани со нашите навивачи. „Ах, само 5 минути да сум таму. Само 5 минути и ништо повеќе. Им благодариме од се срце за оваа подршка“, е желбата на Иван Тричковски. 

На дуелот со Австрија имаше околу 4.000 наши навивачи. Таа бројка нема да биде утре за средбата со Украина но веќе се најавени нови групи на наши фанови кои вецерва или утре сабајле ќе тргнат кон Букурешт. Она што е сигурно е тоа дека вечер и утре пред натпреварот Букурешт повторно ќе биде во боите на Македонија.

ПретходноОд „Кока-Кола“ му одговорија на Роналдо
СледноКонференциска лига: Македонските клубови ги дознаа можните ривали за 2.коло!