ФФМ денеска испрати апел до сите навивачи ако може денеска да обезбедат алка за негативен тест на Ковид-19, со оглед дека е најавено голем број на навивачи да дојдат во текот на утрешниот ден.
„Апелираме до сите навивачи и поддржувачи на македонската репрезентација кои имаат влезница за утрешниот натпревар со Украина на Националната арена во Букурешт, доколку се во можност, денеска да обезбедат алка за негативен Ковид-19 тест (задолжителна за влез на стадионот), од причина што организаторите на натпреварот очекуваат голем број навивачи на двете репрезентации да пристигнат во Букурешт во текот на утрешниот ден“, се вели во известувањето на ФФМ.