Кевин Дурент е најзаслужниот што тимот на Бруклин Нетс може да се пофали дека има предност од 3:2, во плеј оф серијата против тимот на Милвоки Бакс, тој одигра цел нтрпевар без пауза и забележа фантастичен трипл дабл учинок од 49 поени 17 скокови и 10 асистенции.
Ова е прв ваков пример по оној на Леброн Џејмс од 2018 година да еден играч го одигра целиот натпревар во плеј офот.
Самиот меч синоќа имаше многу чуден тек. Милвоки одлино ги одработе првите две четвртини, па и дел од третата, а потоа на сцена стапија Дурент и другарите.
„Стопија“ негатива од 17 поени разлика и стигнаа до победа од 114:108.
Јанис Антетокумпо кај Милвоки најдобар со 34 поени, 12 скока и 4 асистенции, додека втор по учинок кај Бруклин беше Грин со 27 коша.