Шева: Немаме проблеми, дојдете и видете

688

Украина одигра драматичен меч во неделата во Амстердам од каде замина со празни раце затоа што загуби со 3:2. Нашиот утрешен ривал губеше со 2:0 па се врати во игра но во финишот го загуби натпреварот. Медиумите јавуваат за страшен конфликт по средбата помеѓу Јарколенко и Марлос. Двајцата се „пукале“ пред сите на повисот том со пцовки, навреди… Јармоленко е главен шпиц на Украина додека натурализиран бразилец кој исто така игра во нападот.

Сепак нивниот селектор Андриј Шевченко ја спушта топката на земја и најавува дека во неговиот тим се е во најдобар ред: „Атмосферата е на високо ниво. Немаме проблеми. Ние сме отворени за сите и може секој да дојде и да проверу дека се е во најдобар ред“, изјаува легендарниот украинец кој е на клупата на неговата земја. Украина утре го игра дуелот со Македонија кој и за двете земји е последна шанса за да се задржат шансите за пласман во следната фаза од ЕУРО 2020.

ПретходноНема одмор: Лазаров денеска ја почнува мисијата со Б-репрезентацијата
СледноАнгелче Тимовски промовиран во Шкендија