Шевченко: Македонија има карактер, опасна е од контранападите!

474

Андриј Шевченко, легендата на украинскиот фудбал, сега во улога на селектор. На официјалниот прес пред утрешниот меч со Македонија, тој истакна дека нашата репрезентација заслужува респект.

Инаку тој по поразот од Холандија е под притисок, медиумите во неговата земја бараат победа утре во Букурешт.

Имаме пред себе сериозен натпревар. Македонија има карактер, заслужува голем респект. Играат во свој стил, во таа нивна препознатлива формација 3-5-2. Можам да кажам дека контранападите им се опасни на нашите утрешни противници, ќе мораме да внимаваме на тој сегмент од играта“ посочи селекторот на Украина.

Во продолжение Шевченко исто така со пофални говореше за нашата репрезентација, посочи дека Македонија во последно време забележал победи над силни противници.

Во последните години таа селекција напредува, тоа не е тајна. Има забележано победи над силни репрезентации, затоа велам дека мораме да бидеме внимателни, посебни да внимаваме на контрите на Македонија“.

ПретходноКривцов: Не смееме да ја потцениме Македонија!
СледноУште еден играч на ЕУРО изнесен на носилки