Шоу на Локатели, Италија е во осминафинале на ЕП (видео)

847

Репрезентацијата на Италија се пласира во осминафиналето на Европското првенство откако вечерва на „Олимпико“ во Рим ја совлада Швајцарија и воедно ја запиша втората победа во групата. „Аѕурите“ славеа со 3:0 со головите на Мануел Локатели (26. и 52. минута) и еден на Чиро Имобиле (89. минута), а победата е заслужена затоа што беа далеку подобар противник со многу повеќе шанси и еден поништен гол на Киелини поради игра со рака.

За Локатели, играч на Сасуоло, ова беше 12-ти натпревар за Италија и веќе има три гола.

Италија во 1. коло ја совлада Турција со 3:0, па така има шест бода на чело на  табелата во групата А. Во последното коло „Аѕурите“ ќе играат со Велс, а Швајцарија со Турција.

ПретходноОсвојувачот на Лига Европа донесе алжирски репрезентативец
СледноУкраинците дојдоа и само сликаат, нашите се тие кои палат и жарат во Букурешт (видео)