Во таборот на Австрија казната за Марко Арнаутовиќ, дека не може да игра утре против Холандија, ја дознаа непосредно по пристигнувањето во Амстердам. Не кријат дека тие се негативно изненадени од фактот дека по инцидентот во неделата, кога Арнаутовиќ упати шовинистички зборови кон Алиоски, нивниот репрезентативец е суспендиран.
Инаку по обелоденувањето на одлуката на УЕФА, со свој коментар се јави претседателот на Фудбалската федерација на Австрија, Лео Винднтер.
“Тешко е да се разбере после се ова дека само нашиот фудбалер е казнет. Па, токму Алиоски е провокаторот, а тој остана неказнет. Не можам да разберам зошто Марко е казнет ако се знае дека по мечот се стивнаа страстите. Јасно е дека против Холандија ќе мораме без него, но добро е што ќе можеме да сметаме на поселниот меч, и тоа на 21 јуни против Украина“ изјви Виндтнер.
Зарем треба на овој човек пластично да му се објаснува што му порача Марко на нашиот Џани?
Дали според него тоа не е шовинизам?
Или ако беше се во ред, зошто тогаш УЕФА го казни Арнаутовиќ.