Анализа по 1. коло на Еуро 2020: Шансите за втора фаза ни паднаа на 12,7% (ФОТО)

322

По стартниот пораз од Австрија, шансите на Македонија да обезбеди пласман во следната рунда од натпреварите на Еуро 2020 се намалија од 15% на 12,7%. Аналитичарите на „TheAnalist“ пресметале дека според резултатите од 1. коло во групната фаза, Македонија е претпоследна на листата од сите 24 селекции учеснички на ова ЕП според шансите за минување во следната рунда.

Од нас помалку шанси има само Унгарија. Анализата вели дека Унгарија има само 7% шанси да влезе во следната рунда на ова ЕП.

Во нашата група по мечевите од 1. коло, прв фаворит за место во осминафиналето е Холандија со 98,9% веројатност, по неа Австрија 90,6%, а на Украина и се даваат шанси од 71,9%. Бројките сигурно ќе се променат по 2. коло, секако се надеваме во наша полза, за да ги демантираме овие песимистички најави од аналитичарите.

 

ПретходноУкраинците не се комплетни: Циганков ќе игра, за Зубков заврши Еуро 2020
СледноИма украинска жица, ама ја напиша навивачката химната на Македонија!