Во Букурешт и натаму е дождливо. Но, ваквите временски услови не ја нарушуваат атмосферата, македонските фанови кои дојдоа да ги бодрат Горан Пандев и останатите момци и натаму го красат овој романски град.
Македонски песни и натаму ечат низ улиците на Букурешт, „Фалангата“ се загрева пред утрешниот дуел со Украина. Врнело или не, тие секогаш се распложени.