Изет Ајрулаху во следната сезона ќе го носи дресот на Ренова. Имено како што дознаваме, офанзивецот на Македонија ЃП кој во пролетниот дел прикажуваше добри партии во дресот на “лавовите“, веќе се договорил со раководството на “гипсарите“ па така сега останува само официјализирање на соработката. Пред да дојде во Ѓорче, Ајрулаху до пред шест месеци беше член на Скопје.
Инаку Ренова досега се засили со неколку прволигашки фудбалери, но затоа од нејзините редови заминаа исто така неколку, сепак “костурот“ на тимот е тука.