Неуспешна контрола на Шкендија во пресрет на настапот во фудбалска Европа. Македонскиот првак денеска во Приштина беше поразен од истоимениот тим со 2:0. Ова беше прва пријателска средба за тетовци кои веќе една недела се подготвуваат за тоа што ги очекува.
Тренер на Приштина е нашиот стратег Зекирија Рамадан, кој со оваа екипа во минатата сезона стана прак на Косово.