Одлична атмосфера во нашиот табор во пресрет на утрешниот дуел против Украина во рамките на второто коло во групната фаза на ЕУРО. Пред официјлниот тренинг, кој во моментов е во тек, се играше познатата игра бзззззз или “удирање“.
Во центарот на „удирањето“ беа Муслиу и Барди.
Временските услови и натаму се исти. Дождот никако да го напушти небото над Букурешт, но тоа пак не го смени распложението во редовите на нашиот најдобар национален состав. Насмевките кај нашите фудбалери не изостанаа нуту денеска.