Уште не почнал да работи Гатузо може да ја напушти Фиорентина

716

Проблем во Фиорентина, пренесуваат италијанските медиуми.  Џенаро Гатузо може да го напушти клубот само неколку недели откако беше назначен за тренер на првиот тим. Причината се тензијата на релација Гатузо и раководство околу трансферната политика. Тој е незадоволен од стратегијата на раководните луѓе.

Тој добил гаранции дека Фиорентина ќе биде активна на трансферниот пазар и ќе бидат донесени некои фудбалери кои ќе ги посочи Гатузо. Преговорите со Нико Гонзалез и Серџо Оливеира не се реализирани.

Најавени се и неколку заминувања за кои не се согласува Гатузо.

ПретходноИнтересно во Ливерпул – Рафа Бенитез ќе го води Евертон!
СледноОдредени официјалните лица за претквалификацискиот турнир во Скопје