Христи Бикоски го продолжи договорот со Прилеп!

602

Раководството на Прилеп ја продолжи соработката со нов ракометар. Левото крило, Христи Бикоски ги оправда очекувањата и доби нов едногодишен договор, тој ќе биде дел од плановите на тренерот Горан Кузманоски.

„Бикоски изминатата сезона беше еден од најдобрите играчи на Прилеп и сосема заслужено раководството на Прилеп одлучи да го продолжи договорот со младиот ракометар“, се вели во известувањето на Прилеп.

Претходно нова соработка продолжија Чантурија и Шокоски, а ново име од пред два дена е Христијан Милошески.

ПретходноКосовскиот шампион предводен од Зеко Рамадан ја победи Шкендија со 2:0!
СледноСимон Трпчески во дресот на Македонија излезе на концертот во „Сала Радио Букурешт“