Најдобриот кошаркар на светот во моментов, МВП на НБА лигата, интернационалецот од Србија, Никола Јокиќ објави дека нема да може да настапи за својата репрезентација на квалификацискиот турнир односно Олимписките игри ова лето.
Јокиќ даде кратка и прецизна изјава дека во моментов н е во можност да го испочитува пивокот за репрезентацијата на Србија затоа што едниставно му треба одмор.
„Во договор со клубот, менаџерскиот тим и семејството, одлучив дека во моментов ми треба одмор. Нема да можам да настапам за Србија летово, затоа што на моето тело во моментов му треба одмор. Знам дека момците ќе направат одличен резултат и без мене во составот“ – изјави Јокиќ.