Македонската фудбалска репрезентација го загуби вториот меч на ЕУРО. Украина подобра со 2:1, во меч во кој одигравме две различни полувремиња. Едното го загубивме тотално, а во она второто покажавме дека може да парираме, но не доволно за поволен резултат.
„Одигравме две различни поувремиња, во првото започнавме претпазливо, подефанзивно. Во тие моменти сантиметрите на ВАР одлуките беа на страна на Украина. Голот што го дадоа за 1:0 не беше од офсајд за само неколку сантиметри, а на спротивната страна погдокот на Пандев беше од офсајд за неколку сантиметри. Македонија на овој меч покажа квалитет и дека е заслужено на ЕП“, изјави Ангеловски.
За предводникот на нашиот најдобар национален тим, поддршката од публиката е потврда дека тие денеска одиграле одлично.
„Кога навивачите ќе ве испратат со громогласен аплауз тоа е доказ дека сте одиграле добро. Нас ни останува да жалиме што не успеавме да ги израдуваме. Победени сме, но не сме поразени. Моите фудбалери покажаа дека заслужено сме дел од европскиот крем. Против големата Холандија да одиграме како во второто полувреме со Украина денеска. Влеговме претпазливо примивме гол од офсајд“.
Македонија се сели во Амстердам, за четири дена против Холандија ќе ја затвори групната фаза од историското ЕУРО.