Одбојкарите навиваат за Македонија во Букурешт

815

Репрезентацијата на Македонија денеска го игра вториот меч од групната фаза од тековното ЕУРО против селекцијата на Украина денеска од 15:00 часот.

Во Букурешт атмосферата е прекрасна, Македонските навивачи се насекаде низ градот. Подготвени да ја бодрат нашата репрезентација во битката да ги освои првите бодови на овој шампионат.

Помеѓу илјадниците навивачи се наоѓаат и одбојкарските репрезентативци, браќата Никола и Ѓорѓи Ѓоргиеви кои заедно со колегата од Македонската радио телевизија Тони Стојановски направија фотографија со која дадоа поддршка на фудбалерите. Тие добро знаат што значи навивачки поттик зад себе и затоа се ставија во функција на репрезентативните колеги.

 

ПретходноКапитенот ќе стисне заби и ќе заигра против Украина
СледноПротив Украина со црвениот дрес: Сонцето светна и го покажа патот кон ЕП!