Трајковски: Не ги искористивме шансите, останува во Холандија да одиграме за цела нација!

744

Македонија со нов пораз на историското ЕУРО 2020. Од избраниците на Игор Ангеловски подобри беа Украинците, славеа со 2-1 во вториот меч од групната фаза. Сите фудбалери размислуваат исто, дека фудбалот се игра 90. минути.

„Влеговме со иста мотивација, да дојдеме до победа. Но противникот во првото полувреме беше подобар. По одморот видовме дека имаме квалитет и сили да се вратиме од негативен резултат, видовме дека го имаме тој победнички менталитет. Имавме доста шанси, но не ги искористивме, да ги искористивме сигурно ќе беше поинаку“, анализира Трајковски.

По слабото првото полувреме, во кое тактиката на стартот не се покажа како најдобро, секој добил нови задачи, а договорот бил едноставен – да се нападне противникот со сите сили.

„Целиот тим заедно се договоривме дека ќе одиме до крај, пробавме со сите сили да се вратиме, но пак ќе кажам, не ги искористивме шансите. Треба да играме од почетокот на мечот,  а не да чекаме да дојде негативен резултат. Немаме што да изгубиме, останува во Холандија да играме за цела Македонија, да дојдеме до победа“.

ПретходноПандев: Kако да чекаме да примиме гол, за потоа да почнеме да играме
СледноШевченко: Чиста победа на Украина