Алиоски: Како што игравме во второто, така требаше и во првото полувреме

259

Езџан Алиоски воопшто не е задоволен од конечниот резултат против Украина и жали што македонската репрезентација не одигра добро во првото полувреме. Како што знаете Македонија губеше со 2:0 по првите 45 минути, а потоа беше тешко да се извлече добар резултат.

Требаше во прво полувреме да играме поагресивно и да правиме подобар пресинг. Направивме грешки, не можевме да влеземе во ритам, тие дадоа два гола и после беше тешко да се вратиме.

Како што игравме во второ полувреме така требаше и во прво полувреме. Наша цел беше да земеме барем бод, но жал ми е што не одигравме добро во првото полувреме. Имаме квалитет, но требаше од прва минута да играме како што беше во второто полувреме“, додаде играчот на Лидс.

ПретходноДимитриевски: Одбранив пенал, но не сум задоволен затоа што не помогнав на екипата
СледноАнгеловски: Победени сме, но не сме поразени