Ретко виден пресврт и драма во последната четвртина приреди тимот на Атланта откако синоќа на гостински терен успеа за десетина минути да „стопи“противничка предност од преку дваесет поени, и да стигне до третиот триумф во плеј оф серијата против тимот на Филаделфија.
Конечните 106:109 на овој меч се навистина неверојатни ако се знае дека последната четвртина заврши со 19:40 во полза на гостите со што Хоукси го направија еден од најголемите пресврти во историјата на доигрувањето во НБА лигата.
Тре Јанг како и обично најдобар во своите редови, со 39 поени и седум асистенции, а во поразениот тим Џоел Ембид застана на 37.
И во вториот меч од НБА плеј офот синоќа имаше резултатска неизвеснот и тензија до самиот крај. Клиперси исто така поведоа со 3:2 во серијата против Јута откако обезбедија триумф од 111:119.
Пол Џорџ со 37 поени ја предводи листата на стрелците, а Богдановиќ со 32 најдобар кај поразениот тим.