Димитриевски: Одбранив пенал, но не сум задоволен затоа што не помогнав на екипата

226

Столе Димитриевски имаше супер одбрани, и на крајот ја остави Македонија во „живот“ со одбранет пенал, не е задоволен од изданието ,затоа што, како што вели, не помогнал на екипата.

„Игравме два натпревари, првата беше доста добра, имавме тактички грешки, првото полувреме денеска беше послабо. Но во вториот дел се преставивме во најдобра слика, со најдобра игра што можевме да покажеме“, вели Димитриевски и додава:

„Искрено не сум задоволен од настапот, затоа што одбранив пенал, но не помогнав на екипата“, рече Димитриевски.

Тој вели дека одбранетиот пенал е резултат на добра анализа заедно со тренерот на голманите Мицевски и со двата голмани Јанков и Шишковски.

„Да се одбрани пенал е многу тешко, реално ги имаме сите студирано. Треба да се процени работата, но ова е одбранет пенал мој и на Мицевски и на двајцата други голмани“, рече Димитриевски кој кажа дека во Амстердам ќе се обидат да покажат во најдобро светло.

 

ПретходноЕмоции во Букурешт: Фудбалерите и се поклонија на „Фалангата“ (ФОТО+ВИДЕО)
СледноАлиоски: Како што игравме во второто, така требаше и во првото полувреме