Македонија и Украина денеска ќе го одиграат својот петти меѓусебен меч. Досегашниот биланс вели дека на претходните четири имаме два порази, едно реми и само една победа.
Тој триумф е извојуван на 31 март 2014 година во Скопје, на тогашниот Градски и тоа со 1:0 со голот на Ставревски. Тој меч остана во сеќавање кога на Шевченко, сегашниот селектор на Украина, му ги скршивме забите, па тој се налути и си замина во соблекувалната.
На 11 октомври 2003 година на гости имаме одиграно 0:0. Овие два меча беа пријателски.
Двата порази ги имаме во квалификациите за ЕП 2016 во Франција. Прво на гости, на 12.10.2014 кога со голот на Сидорчук загубивме со 1:0, за да во Скопје на 9 октомври, тогаш селектор беше Љубинко Друловиќ, бевме поразени со 2:0. Стрелци беа Селезнев и Кравец.
Време е за втората наша победа, денеска среде Букурешт.