„ЛУДИЛО“ во Букурешт… сепак триумфот е за Украина (ВИДЕО)

406

Фудбалско „Лудило“ во Букурешт. Супеер второ полувреме за Македонија, но на крајот победата оди за Украина со 2:1. Втор меч за Македонија на ова ЕП и втор пораз на нашите “рисови“.

Штета, велиме штета зошто во вториот дел имавме шанса макар за бод. Но во првиот дел бевме бледи, ништо не ни одеше од нога.

Требаше да примиме два гола за да почнеме да играме.

Украина поведе со головите на Јармоленко и Јеремчук, Алиооски намали на 2:1. Малиновски имаше пенал, но Димитриевски одбрани.

Добро, одлично второ полувреме, но бадијала.

ЈАРМОЛЕНКО И ЈЕРЕМЧУК ЗА НАША ТАГА…

Бледо, да не кажеме лошо прво полувреме. Така почнавме, така и завршивме. Во првите 5-6 минути не успеавме ниту да излеземе од нашата половина. Силен беше тој пресинг на Украинците, силни беа тие атаци, а нас не држеше само среќата и добрите одбрани на голманот Димитриевски. Дури по 15-тата минута успеавме да се ослободиме, да почнеме да играме. Дури тогаш дојда на ред нашите закани. Посебно треба да се спомене онаа на Елмас во казнетиот простор на противникот. И тогаш почна брзата стрелба на Украина. Прво во 29.минута Јармоленко од десно, од непосредна близина погодува за 1:0. Пет минути подоцна Јармоленко асистира до Јеремчук, кој се најде сам пред Димитриевски, и успеа да го погоди небранеиот дел на нашата мрежа за чисти и заслужени 2:0. Да, Пандев даде гол во 39.минута, тоа беше мајсторија, прекрасен лоб – удар, но штета, нашиот капитен бил во офсајд.

Па така со тие 2:0 се замина на пауза.

КАКОВ ЗИЦЕР ЗА АДЕМИ, ШТЕТА…

Вториот дел го започнавме со Трајковски и Чурлинов, место Николов и Спировски. И уште во 47.минута зицер, супер шанса за нашите. Пандев додаде до Адеми кој имаше зицер, шутираше, но голманот на Украинците едвај одбрани. Каква штета. Врати Маилиновски од слободен удар во 50.минута, но прекрасна одбрана на Димитриевски. Браво Столе.

Да, Македонија почнува да игра.

БОМБА“ НА АЛЕКС, ПЕНАЛ ВРЗ ПАНДЕВ, ЏАНИ ОД “ВТОРА“ ЗА 2:1

И тогаш експлозија во Букурешт. Прво Трајковски испрати „бомба“ од 20 метри, Бушхан ја одби во пречката, натрча Пандев, беше фаулиран а судијата од Аргентина покажа на белата точка. Алиоски ја презеде одговорноста, шутираше а Бушхан одбрани, одново таа топка дојде до Џани кој не греши двапати.

ГОЛ на Македонија за 2:1. БРАВО…

И нова „бомба“ на Алекс, Бушхан едвај спасува, не поминаа ннеколку секунди нова шанса за Македонија. Украина е во паника, “рисовите“ во атак.

Нашите се добар ритам, голот на Украина и тоа како “виси“. “Фалангата“ е во транс. Конечно покажавме зошто сме на ЕУРО 2020.

Украина успеа сепак да ја запре “македонската бура“ на теренот. Во 80.минута резултатот беше 2:1 за нив.

СТОЛЕ БРАНИ ПЕНАЛ

Пенал за Украина, Аврамовски го удри топката во рака по еден слободен удар, а ВАР покажа пенал. Малиновски шутира а Столе брани пенал.

Тоа се случуваше во 84.минута. Ова е уште еден импулс за “рисовите“…

Трајковски се закани со пследна шанса, но ништо, Македонија е поразена и во вториот меч.

Сепак, тоа беше тоа од овој натпревар.

Каква штета.

УКРАИНА – МАКЕДОНИЈА 2:1 (2:0)

Национална Арена во Букурешт. Судија: Ф. Рапалини (Аргентина). Стрелци: Јармоленко 29., Јеремчук 34. (УКР), Алиоски 57. (МАК). Ж. Картони: Шапаренко (УКР), Велковски (МАК).

УКРАИНА: Бушхан, Караваев, Забарњи, Матвиенко, Миколенко, Степаненко, Јармоленко (70. Циганков), Шапаренко (78. Сидорчук), Зинченко, Малиновски (92. Собол), Јеремчук (70. Бесједин).

Селектор: Андриј Шевченко.

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Ристовски, Велковски (85. Тричковски), Муслиу, Николов (46. Трајковски), Спировски (46. Чурлинов), Барди (77. Аврамовски),Адеми, Алиоски, Пандев, Елмас.

Селектор: Игор Ангеловски.

 

ПретходноВАР им даде пенал на Украинците, но Димитриевски ја спушти „ролетната“ (ВИДЕО)
СледноАнтиќ одбра 19 кошаркарки, ќе прозива во понеделник