Покрај натпреварот во Букурешт, меѓу Македонија и Украина кој се игра од 15 часот, денеска на програмата на ЕУРО се играат уште два натпревари.
Во 21 часот на “Јохан Кројф Арената“ во Амстердам, домашната Холандија ја дочекува Австрија, ова е меч од нашата група Ц.
И покрај фактот дека „лалињата“ не се тоа што беа, сепак Холандија е фаворит против Австрија која ќе мора без Марко Арнаутовиќ кој заради онаа глупост што ја направи по мечот со Македонија, вечерва ќе мора од трибини да го следи настапот на својата репрезентација.
Во 17 часот на “Паркен стадионот“ во Копенхаген, домашната Данска ќе мора да бара барем бод против силната Белгија. Секако дека ќе биде тешко ако се знае дека по се она што се случуваше со Кристијан Ериксен, данците се во шок.
Белгија со триумф ќе го завери пласманот во 1/8 финалето на ова ЕУРО.