Фото: Тwitter/Ashley Young
Крилниот фудбалер Ешли Јанг се врати во Англија и стави потпис на договор со својот поранешен клуб Астон Вила. Поранешниот англиски репрезентативец минатата сезона настапуваше за Интер, па го напушти миланскиот клуб и имаше три опции: да оди во Астон Вила, Барнли или Вотфорд.
Ја одбра Астон Вила, клубот за кој настапуваше од 2007 до 2011 година.
То потпиша едногодишен договор со клубот од Бирмингем, со можност за продолжување на уште една година. Јанг има и 39 натпревари за англискиот национален тим, а во кариерата играше уште за Манчестер Јунатед и Вотфорд.