И Локатели има нешто да и каже на кока кола (ВИДЕО)

1952

Новиот херој на репрезентацијата на Италија, Мануел Локатели синоќа против Швајцарија постигна два гола во триумфот над Швајцарија. Тој на официјалната прес конференција по мечот, имаше што да каже во врска со натпреварот но направи и потег кој очигледно е ултра популарен на тековново ЕУРО. И тој како и Кристијано Роналдо, ги помести шишињата кока кола пред него и ги постави оние со вода.

Само за потсетување, откако Роналдо го стори тоа, Кока Кола како компанија загуби 4 милијарди од вредноста, а се знае и причината зошто португалецот го стори тоа. Тој е поборник за здрав живот и смета дека најпопуларниот безалкохолен пијалок на светот е штетен.

Сличен момент направи и Паул Погба кога од пред себе ги тргна шишињата Хајнекен, затоа што е муслиман и е против пиењето алкохол.

ПретходноЛапорта: Нема да купуваме играчи, ќе правиме само размени
СледноСо Пандев и “Фалангата“ можеме да ја победиме Украина!