Капитенот ќе стисне заби и ќе заигра против Украина

1990

Македонската фудбалска репрезентација денеска го игра клучниот натпревар од групната фаза на тековното ЕУРО против селекцијата на Украина во Букурешт со почеток од 15:00 часот.

Нашиот национален тим многу лесно можеше да остане денеска без најдобриот фудбалер, капитенот Горан Пандев кој три дена влече повреда на зглобот, и не се знаеше дали воопшто ќе настапи против Украина.

Но, Пандев не би бил Пандев, Гранде не би бил Гранде, ако уште еднаш по којзнае кој пат во неговата дваесетгодишна кариера не стисне заби, не ја истрпи болката и заигра кога е најпотребен, кога и е најважен на Македонија.

Така ќе биде и овојпат. Зошто знае Горан Пандев колку е важно да е на терен, сега и во овој момент. За него, за неговите соиграчи, за цела Македонија. За сите изминати, сегашни и идни генерации кои ќе го помнат овој момент засекогаш. Моментот кога Македонија заигра на ЕУРО и кога испишуваше со златни букви спортска историја на еден народ.

Гоче фала ти за се што стори досега, а денеска направи уште една магија, како онаа против Австрија, па сите заедно да се радуваме на историски прв триумф на Македонија на едно големо фудбалско натпреварување.

Се очекува нашиот состав денеска да претрпи една до две измени во однос на оној што заигра против Австрија.

 

ПретходноБукурешт и денеска под дожд, Шевченко се надева дека нема да биде невреме
СледноОдбојкарите навиваат за Македонија во Букурешт