Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта изјави дек аовој летен преоден рок Барселона нема да троши пари на купување фудбалери.
„Ќе излеземе со шема за финансиски фер-плеј. Ќе имаме засилувања, но тоа нема да бидат обични трансфери. На пат сме да извршиме многубројни размени со други клубови, за чии играчи сме заинтересирани“, рече Лапорта во интервју за шпански медиум.
Во овој преоден рок Барселона веќе се засили со напаѓачот Серхио Агуеро, чиј договор со Манчестер Сити истече. Според извештаите, напаѓачот на Лион, Мемфис Депај, треба да му се приклучи на тимот во блиска иднина.