Букурешт одамна е на нозе. Овој град овие денови, едноставно не спие. Македонската „Фаланга“ ги обои улиците во „црвено-жолто“, македонските песни веќе станаа секојдневие.
Од првиот ден до денеска, нашите навивачи со пријателски дух ги освоија срцата на Романците, а дека се вистински фраери, потврдата дојде токму денеска.
Иако Македонија и Украина ќе влезат во „клинч“ за први бодови на ова ЕУРО, сепак фановите на двете земји, заедно, братски се загреваат за оваа средба.
Македонците одамна ги имаат фатено позициите низ кафулињата, нешто подоцна дојдоа Украинците, кои пак беа поздравени со аплаузи од страна на „Фалангата“.