Фудбалерот на Сасуоло, Мануел Локатели влезе во историјата на Европските фудбалски првенства како најмлад стрелец на два гола на меч на ЕП. Тој синоќа на дуелот со Швајцарија ги постигна првите два гола за „аѕурите“ на возраст од 23 години и 159 дена.
Со ова постигнување, Локатели се запиша во историјата на УЕФА Европските првенства, а на Италија и донесе уште една голема победа која веќа ги промовираше како осминафиналисти.