Милан го откупи договорот на Фикајо Томори од Челзи. Централниот бек роден во Канада, а настапува за Англија во претходните неколку месеци играше како позајмен на „Сан Сиро“, а со своите настапи ги убеди раководните луѓе да го откупат.
Па така Милан плати 28,5 милиони евра, а фудбалерот потпиша договор до 30 јуни 2025 година. Томори е дете на Челзи, ја освои младинската ЛШ со лондонскиот клуб, а во првиот тим влезе во 2016 година. Меѓутоа не се изнаигра затоа што беше позајмуван во Брајтон, Хал, Дерби Каунти, а сега се пронајде себе си во Милан.