Репрезентацијата на Македонија денеска го игра вториот меч од групната фаза од тековното ЕУРО против селекцијата на Украина денеска од 15:00 часот.
Во Букурешт атмосферата е прекрасна, Македонските навивачи се насекаде низ градот. Подготвени да ја бодрат нашата репрезентација во битката да ги освои првите бодови на овој шампионат.
Помеѓу илјадниците навивачи се наоѓаат и одбојкарските репрезентативци, браќата Никола и Ѓорѓи Ѓоргиеви кои заедно со колегата од Македонската радио телевизија Тони Стојановски направија фотографија со која дадоа поддршка на фудбалерите. Тие добро знаат што значи навивачки поттик зад себе и затоа се ставија во функција на репрезентативните колеги.