Официјалниот состав на Македонија е со една измена за разлика од оној со Австрија. Така на местото на Трајковски, во нападот е Елмас, додека во офанзивниот дел од средината на теренот ќе дејствува Барди. На местото на Барди оди Спировски, а Николов, пак, повторно оди на крилната позиција.
Така Димитриевски ќе биде на голот, одбраната не се менува, односно со Муслиу, Велковски и Ристовски. Среден ред со Барди, Спировски, Николов, Барди и Алиоски, и во нападот Пандев со Елмас.